Дебата во „Студио 1“: Државата и битката за згрижување на децата од улица
Во земјава жал ги има повеќе од 2000 илјади, а нивниот број расте. 12 април е ден на децата од улица.
Со надлежните институции дискутираме каде затајува грижата за малолетниците од улица.
Дебата во „Студио 1“ со гостите Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Душан Томиќ од Министерството за труд и социјални работи.
Наместо на училиште, деца питачи на македонските улици
Деца питачи на речиси секој семафор низ скопските улици. Извалкани и без соодветна облека на минусни температури во зима и на пеколни жештини во текот на летото. Жени со бебиња во раце, изнемоштени стари лица – најголемиот број од питачите се Роми. Наместо во училиште, според најновите статистики, околу 2000 деца дневно питачат по скопските улици. Тие најчесто сеприморани од нивните родители со подадена рака да донесат некој денар дома.
Свесни се дека питачењето е прекршок за кој се одговорни родителите или малолетникот што проси, но велат тоа е единствениот начин како да дојдат до некој денар за да го преживеат денот, во отсуство на помош или згрижување од државата.
Проблемот, велат, може да им го реши само државата, но тврдат дека политичарите се сеќаваат на нив само пред избори.
Република Македонија со овој проблем се справува преку четири дневни центри за деца на улица – три државни и еден управуван од здружение на граѓани. Децата влегуваат, поминуваат еден ден и веќе утредента се повторно на улица. Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши сметаат дека проблемот би се решил преку бесплатно предучилишно образование за децата што се во ризик нивниот труд да биде злоупотребен, деца чии родители се социјално обесправени и живеат во социјален ризик. Едно дете вклучено во раните години во предучилишно образование ќе значи едно дете помалку на улица.
Државата и битката за згрижување на децата од улица Дебата во „Студио 1“ 1ТВ